Можноста за настап на трансродово лице на британскиот шампионат во велосипедизам во дисциплината омниум во Дерби речиси доведе до бојкот на турнирот од страна на голем број спортистки.

Емили Бриџис (21), која беше поранешна светска рекордерка меѓу машките јуниори, требаше да дебитира во женскиот спорт на 1 април, но не доби дозвола од Меѓународната велосипедска унија (UCI). Доколку се оствареа плановите на трансродовата, тогаш некои ривали би одбиле да одат на почеток со неа, пишува „Дејли мејл“.

Еден од лидерите на британската федерација Стивен Парк изјави дека „проблемот со трансродовите лица во женскиот спорт е најголемиот предизвик за олимпиското движење“ и повика на итна меѓународна дискусија на оваа тема. Олимписката шампионка Никол Кук смета дека трансродовите спортисти треба да се натпреваруваат во посебна категорија, во спротивно сите спортски соништа на жените ќе бидат срушени.

За време на првенствата на Велика Британија, дел од навивачите на трибините кренаа постери со натпис „Зачувај го женскиот спорт“.