Поради неопходна итна санација на теренот на Градскиот стадион во Ш тип, следните два натпревари како домаќин во Првата македонска фудбалска лига, ФК Брегалница ќе ги игра во Скопје и во Прилеп.

Санацијата и корекција на тревнатата подлога на стадионот во Штип, како што соопшти Брегалница, е неопходна поради пропустите при поставувањето на теренот пред пет години.

– И покрај желбата за оддолжување на неопходните реконструкции, сепак истите се неопходни со цел теренот да биде максимално подготвен за натпреварот против Шкендија на 17. април, се наведува во клупското соопштение.

Токму затоа, утрешниот дуел против Ренова, во рамки на 25. прволигашко коло, Брегалница ќе го игра на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, додека натпреварот од 26. коло против Работнички, в среда ќе се игра на Градскиот стадион во Прилеп.