Два пријателски натпревари против Црна Гора во Скопје ѝ претстојат на македонската фудбалска репрезентација до 17 години во рамки на подготовките за евроквалификациите.

Контролните натпревари ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“, првиот на 5 април со почеток од 15 часот, а вториот два дена подоцна, на 7 април, со почеток од 11 часот.

На списокот на селекторот Тони Јакимовски се најдоа 21 фудбалери.

Голмани: Петар Јакимов (Работнички), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Андреј Аризанкоски (Победа), Симеон Здравковски (Вардар), Марко Стојилевски (Вардар), Давид Даилоски (Нец Најмеген, Холандија), Матеј Јаневски (Работнички), Хадис Таири (Велешта);

Среден ред: Ѓорге Џеков (Академија Пандев), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Ерион Алији (Риед, Австрија), Дестан Адили (Работнички), Костадин Капсаров (Академија Пандев), Омерфарук Сулејман (Шкупи), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички), Мухамед Елмас (Работнички);

Напад: Никола Величковски (Вардар), Фикрет Ливорека (Скопје), Мердијан Рушити (Њу Старс).