И покрај падот на емисиите поврзани со ограничувањата против Ковид, 96 отсто од жителите на градовите во Европската унија беа изложени на штетни честички над дозволените границитео 2020 година, предупреди Европската агенција за животна средина (АЕЕ), јави дописникот на МИА.
„Деведесет и шест отсто од урбаното население беше изложено на концентрации на честички ПM2,5 над просечната годишна вредност од 5 микрограми (μg) на кубен метар препорачана од СЗО”, која ги заостри стандардите на крајот на септември, предупреди АЕЕ.
Само Естонија не забележа преминување. Бидејќи европските стандарди се помалку строги и поставени на 15 µg/m3 за ситни честички, едвај 1 отсто од жителите на градовите живеат над прагот.
Според извештајот, Источна Европа и Италија се најтешко погодени со највисоки концентрации на штетни честички.
Најчестото загадување надвор од европските стандарди се однесува на озонот, со надминати годишни прагови во 21 европска земја, вклучително и 15 членки на ЕУ од 37 анализирани. Според стандардите на СЗО, сите европски земји се надвор од годишните граници за овој загадувач. Според СЗО, загадувањето на воздухот предизвикува седум милиони предвремени смртни случаи годишно во светот. Во Европа тоа е најголемиот еколошки ризик за здравјето. Во 2019 година, загадувањето со штетни ситни честички предизвика 307.000 предвремени смртни случаи во ЕУ, процени АЕЕ.