Премиерот на Канада, Џастин Трудо синоќа изјави дека поради инвазијата на Русија врз Украина, таа земја не може да биде конструктивен партнер во Г-20.

САД, Канада и други западни сојузници бараат исклучување на Русија но тоа може да биде одбиено од други земји во Г-20 како Кина, Индија, Саудиска Арабија и останати.

Минатата недела дел од земјите-членки предложија пролонгирање на Самитот на Г-20, што е предвиден за годинава.

Претседателот на САД Џо Бајден претходно изјави дека мисли дека Русија треба да биде исклучена од Г-20.

Покрај Г-7 во која се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Јапонија и Велика Британија, Г-20 е една од најголемите меѓународни платформи за координација на најразлични дејства како борба со климатските промени или меѓународниот долг.