Со крајот на репрезентативните активности, штипска Брегалница викендов продолжува со обврските во Првата македонска фудбалска лига и дуелот против Ренова на домашен терен во рамки на 25. коло.
Со ефект од десет победи, шест нерешени и осум порази, составот предводен од Илчо Ѓорѓиоски е шестопласиран со 36 бодови, и со победа в недела ќе ја прескокне Ренова место погоре.
Во изјава за клупскиот сајт, Ѓорѓиоски посочи дека до самиот крај на оваа сезона тимот ќе настојува да обезбеди што повисок пласман, но ќе биде искористена и за вистинска селекција на тимот за од следната сезона да се атакува на европски излез.
– Можеби овој период до крај на сезоната сега е период за вистинска селекција на тимот, кој од следната сезона треба да има повисоки амбиции и за излез в Европа, или нешто повеќе, изјави Ѓорѓиоски.
– Брегалница е проект кој ќе биде успешен затоа што има амбициозни луѓе во клубот, кои сакаат да го видат клубот на највисоко ниво во домашниот фудбал, посочи тренерот на штипскиот прволигаш.