Ига Швјонтек ноќеска ја победи Петра Квитова (Чешка) со 6:3 и 6:3 во четвртфиналето во турнирот Мајами. За полската тенисерка ова беше 15-та последователна победа.

Таа претходно ги освои титули на ВТА 1000 турнирите во Доха и Индијан Велс. Покрај тоа, таа ги доби последните седум меча во два сета.

Во Мајами, на четири натпревари на турнирот Швјонтек загуби само 15 гема.

Во полуфиналето полската тенисерка ќе игра со Џесика Пегула од САД.

Втората полуфинална двојка во Мајами ја сочинуваат Белинда Бенчиќ од Швајцарија и Наоми Осака од Јапонија.

Без оглед на резултати во завршницата на турнирот, на следното рангирање на ВТА кое ќе биде в понеделник, Швјонтек за прв пат ќе биде прв светски рекет.