Нашата најдобра фудбалска судијка која неодамна беше унапредена во елитна УЕФА судијка, ќе го суди четвртфиналниот натпревар во Женската лига на шампиони помеѓу Волфсбург и Арсенал.
Натпреварот ќе се одигра на 31 март во 18:45 часот по средноевропско време на арената во Волфсбург.
Прв помошник судија на Пројковска ќе ѝ биде Алмира Спахиќ од Шведска, втор Поликсени Иродоту од Кипар, а четврт судија на натпреварот е Тесе Олофсон од Шведска. Видео помошник ќе биде Павел Рацковски од Полска, додека помошник видео помошник е Марцин Борковски, исто така, од Полска.
Главната судијка ја започнува својата судиска кариера во 2003 година. Таа е магистер по форензичка физика. Во 2019 станува првиот македонски судија кој судел финале на Европско првенство. Станува збор за финалето на Европско првенство за жени до 19 години помеѓу Франција и Германија.
Неодамна, таа, исто така, стана вториот официјален ВАР-судија. Претходно, единствен лиценциран ВАР-судија кај нас беше Александар Ставрев.