Селекторот на Бразил, Тите ги демантираше гласините дека би можел да седне на тренерското место во Арсенал.

– Му се извинувам на Арсенал, но информацијата дека сум заинтересиран да работам со овој клуб не дојде од нас и оваа информација нема никаква врска со вистината. Во денешно време има многу лажни вести. Ова ме вознемири. Моето семејство може да биде спокојно затоа што работам со бразилската репрезентација со достоинство и почит. Многу ми е жал што на јавен терен се појавија лажни информации. Ги замолувам сите да се смират, бидејќи го ценам професионализмот и знам каква одговорност има мене како селектор на бразилската репрезентација, изјави Тите за „Goal“.

Претходно беше објавено дека Арсенал ја разгледува кандидатурата на Тите за местото главен тренер на тимот.

Арсенал е четврти на табелата во Премиер лигата со 54 бодови од 28 натпревари.