Селекторот на австриската фудбалска репрезентација Франко Фода (50) објави денеска дека се повлекува од должноста, преземајќи одговорност за неуспехот на Австрија да се квалификува на Светското првенство во Катар.

– Не се квалификуваме на Светското првенство и за тоа преземам целосна одговорност, изјави Фода на денешната прес-конференција.

Фода седна на клупата на Австрија на крајот од 2017 година на местото на Швајцарецот Марсел Колер, и оттогаш го предводеше националниот тим на 48 натпревари.

Германскиот стратег најави дека ќе ја напушти австриската клупа по утрешниот пријателски натпревар против Шкотска.

Неговата оставка доаѓа откако Австрија минатата недела загуби во полуфиналето од мундијалскиот бараж на гостински терен од Велс со 201.