Манчестер сити му понуди на играчот од средниот ред Родри нов, попрофитабилен договор.

Како што објави „Дејли мејл“ клубот сака да го продолжи актуелниот договор на фудбалерот кој е со важност до 2025 година.

„Граѓаните“ на Родри му нудат поповолни услови, односно 125.000 фунти неделно наместо сегашните 70.000 фунти. Договорот може да биде продолжен до 2026 година.

Се очекува 25-годишниот фудбалер да ја прифати понудата на Сити.

Оваа сезона Родри учествуваше на 24 натпревари, постигна три гола и забележа една асистенција.