Победа од 3:0 забележаа фудбалерките на ЖФК „Каменица Саса” во рамки на натпреварот од 15. коло од Првата фудбалска лига за жени против ЖФК „Деспина” што се одигра вчера на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Прилепчанки беа надиграни од домашните фудбалерки уште во првиот дел од натпреварот, а победничките погодоци беа на Мила Талевска и Ана Димитровска која повторно се запиша во листата на стрелците.

Во второто полувреме шампионките од Македонска Каменица настапија со вториот состав кој успеа да го сочува високото водство.

-Со денешната победа против цврстата прилепска екипа ЖФК „Каменица“ останува силен претендент за повторно освојување на Шампионатот на Македонија, истакнаа по натпреварот од стручниот штаб на домаќинките.

Во наредното коло, ЖФК „Каменица САСА“ го игра дербито на колото против лидерот на табелата ЖФК „Љуботен“.