Членството во НАТО „трајно ќе ги зголеми тензиите со Русија“ долж границата на Финска со Русија, изјави претседателот Саули Нинисто во денешното интервју за јавната телевизија Yle TV1, пренесува Си-Ен-Ен.
Нинисто рече дека најголемата придобивка од членството во НАТО ќе биде „да се добие превентивен ефект“, но исто така ќе има ризик за разни видови руска одмазда, вклучително и хибридни закани.
Тој, исто така, рече дека придобивките од тоа да се биде дел од НАТО ќе ги надминат негативните последици и дека е најважно да се најдат решенија за зголемување на безбедноста на неговата земја.
– Од почетокот на руската инвазија на Украина, Финска размислува да се приклучи на воената алијанса, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто за Си-Ен-Ен претходно овој месец.