Новиот украински министер за земјоделство, Микола Солски, изјави дека способноста на Украина за извоз на житарици се влошува од ден на ден и дека ќе се подобри само ако заврши војната со Русија.
Солски рече дека Украина, еден од водечките светски производители на житарици, инаку би извезувала 4-5 милиони тони житарици месечно – волумен кој сега е намален на само неколку стотици илјади тони.
– Влијанието е директно, драматично и големо. И продолжува. Секој ден ситуацијата ќе се влошува, рече тој.