Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја имаа првата заедничка средба со нивните американски колеги во Полска.
„Разговараме за актуелни прашања и соработката во политичките и одбранбените правци меѓу Украина и САД“, напиша Резников на Твитер.
Тој објави и фотографија од средбата во Варшава со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пренесоа британските медиуми.
И шефот на украинската дипломатија Кулеба, по средбата со својот американски колега , на Твитер напиша дека „првпат се среќаваат лице в лице со секретарот Блинкен“.
Претходно од Пентагон беше соопштено дека Остин ќе го придружува американскиот претседател Џо Бајден при посетата на Европа оваа недела за време на разговорите во седиштето на НАТО во Брисел и Полска.