Раководството на Реал Мадрид нема да го отпушти тренерот Карло Анчелоти.

Според „Марка“, претседателот на Реал, Флорентино Перез одржал час и половина состанок со италијанскиот стручњак и му изразил целосна поддршка, истакнувајќи ја квалитетната работа оваа сезона.

Високиот пораз од Барселона (0:4) на 20 март не влијае на перспективата на Анчелоти на клупата на „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид по 29 кола во шпанската Ла Лига е лидер на табелата со 66 бода, пред Севилја која има 57, трета е Барселона со 54 и натпревар помалку.