На централниот плоштад во Скопје се одржува прослава за македонската фудбалска репрезентација, која пристигна од Палермо, каде вчеравечер на стадионот „Ренцо Барбера“ оствари сензационална победа над европскиот првак Италија и дојде на само чекор до историски пласман на Светското првенство.