Калчолигашот Милан е пред засилување на своите редови со играчот на Ливерпул, Дивок Ориги, јавија италијанските медиуми.
Договорот на Ориги со Ливерпул истекува ова лето и Милан на крајот на сезоната може да го донесе без обесштетување.
Весникот „Кориере дело Спорт“ објави дека раководството на Милан ја финализира понудата за 26-годишниот белгиски напаѓач со кого веќе е постигнат начелен договор.
Според весникот, Ориги во Милан би заработувал околу четири милиони евра по сезона, а двете страни треба да се договорат околу бонусите, како и провизијата на менаџерите.