Македонската фудбалска репрезентација не навикна да ни приредува неверојатно убави моменти. Еден од таквите е и денешната победа над Италија во Палермо со 1:0.
Александар Трајковски даде гол во 92 минута, погодоко со кој Македонија го елиминираше актуелниот европски владетел од трката за место на Светското првенство во Катар.
Македонските херои во петок во 18:30 часот треба да слетаат на скопскиот аеродром. Иако Македонија уште не е на Мундијалот во Катар (ќе играме финале бараж против Португалија), сигурно овие момци кои беа на теренот во Палермо заслужуваат достоен пречек