Четири лица се пронајдени мртви пред една зграда во градот Монтре, додека петто лице е хоспитализирано и се наоѓа во тешка состојба, соопшти денеска швајцарската полиција.
Портпаролот на регионалната полиција Александар Бизенц не можеше да ги потврди наводите дека жртвите скокнале од зградата, како што објави швајцарскиот весник „Блик“, повикувајќи се на неименуван полициски функционер.
Бизенц изјави дека истрагата е во тек за инцидентот што се случи утринава околу седум часот, но тој одби да даде повеќе детали.
Монтре, град на Женевското Езеро, е познат како туристичка дестинација, особено по годишниот џез фестивал.