Поранешниот играч за врска на Барселона и потпретседател на Бока Јуниорс, Хуан Роман Рикелме, одговори на прашањето дали репрезентацијата на Аргентина може да го освои Светското првенство во 2022 година.
– Со Меси секогаш постојат шанси. Репрезентацијата на Аргентина го има најдобриот фудбалер на светот. Не се сомневам дека ќе имаме одличен турнир. За Аргентина да го освои Светското првенство, Меси треба да одига добро. Тој треба да прикаже изданија препознатливи за него. Секогаш треба да веруваш во Лионел, изјави Рикелме за тамошните медиуми.
Светското фудбалско првенство ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември.