Во некои делови на САД станува легален еден нов начин на погреб – со користење на ѓубриво создадено од посмртните останки на починатиот, а како алтернатива на традиционалните закопувања за да се зачува природата.
Покрај кремацијата како начин да се намали штетата врз природната околина од пренатрупаните гробишта во големите мегаполиси, „ѓубрењето“ на најмилите кои починале исто така станува популарен и еколошки начин на погребување, барем во некои сојузни држави како Калифорнија и Колорадо.
Оваа практика во 2019 година за првпат беше озаконета во Вашингтон, лани во Колорадо а се очекува да биде и во Калифорнија.
Така, во округот Фремонт во Колорадо, вчера се оддржа првата таква погребна церемонија.
Начинот на кој се врши е телото на починатиот се става во голем контејнер наполнет со земја и специјално ѓубриво и се остава така да помине шестмесечен процес на распаѓање, при што се претвора во плодна почва што за време на церемонијата се меша со земјата.
-Кругот на животот навистина продолжува како резулта на тоа што се случува денеска, изјави Сет Видал на погребот, сопственик на „Нејчурал фјунерал“.
Таму веќе се оддржале неколку вакви погреби каде останките на починатиот се дел од плодна почва за ѓубрење и садење разни садници.
Во примерот со вчерашниот погреб, почвата направена од останките била измешана со семе од цвеќе и трева и била расфрлена во полето за време на пролетната рамноденица. На церемонијата учествувале неколку десетици луѓе.