Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

Разговорот е одржан на иницијатива на шефот на француската држава.

Путин и Макрон разговарале за ситуацијата во Украина, како и напредокот на актуелните преговори меѓу руските и украинските претставници, се додава во соопштението на Кремљ.