Македонската натпреварувачка во нордиско скијање Михаела Даноска, настапи денеска во крос кантри на Европската зимска младинска олимпијада во финскиот центар Вуокати, завршувајќи ја трката на 63. место во конкуренција на 64. учеснички.

Даноска е прва од тројцата македонски претставници која настапи на Младинската олимпијада што до 25 март се одржува во Финска.

Покрај Даноска, која ја очекува и настап во биатлон, македонскиот тим го сочинуваат и Мирко Лазаревски во алпско и Јана Куковска во уметничко лизгање.