Кик боксинг клубот ,,АС” со двајца натпреварувачи ќе настапи на Европскиот куп ,,Србија Опен”. Како што информираше тренерот на екипата Љупчо Стојчевски на натпреварот во Краљево, претставниците на клубот ќе настапат во дисциплините кик-лајт и понт-фајт.

-Андреј Митков ќе се бори во две дисциплини (кик лајт -42кг) помлади кадети и (поинт фајт -37кг) помлади кадети, додека Павел Стојчевски ќе настапи во дисциплина (кик лајт -57 кг) во јуниорска конкуренција и во (поинт фајт -57кг и -63 кг), информираше Стојчевски.

На „Србија Опен 2022″ пријавени се 214 натпреварувачи со вкупно 51 клуб од 13 земји учеснички.