Екипата на Шкупи попладнево на својот терен во Чаир го совлада Работнички со 2:0 и ја зголеми предноста пред најблиските конкуренти за шампионскиот трофеј.
Ова беше прв натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига по кој Шкупи е чекор поблиску до титулата.
Стрелци на головите беа Сандеј Адетунџи (51 минута) и Маријан Радески во судиското надополнување.
Шкупи успеа да ги добие сите три натпревари со Работнички во тековната сезона.
На десет кола до крајот тимот од Чаир има 55 бодови, 13 повеќе од Академија Пандев и 14 пред Шкендија.