Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави денеска дека од почетокот на идната година ќе го замени својот локален ривал „Пума“ како спонзор на актуелниот европски фудбалски првак Италија.
Вредноста на четиригодишниот договор меѓу „Адидас“ и Италијанската фудбалска федерација се проценува на околу 35 милиони евра.
Италија е четврта фудбалска велесила, која ќе соработува со „Адидас“, приклучувајќи им се на Германија, Шпанија и Аргентина.
Од „Пума“, која соработуваше со Италија во изминатите речиси две децении, објавија дека не сакале да преплатат за продолжување на договорот, чија вредност досега изнесуваше 20 милиони евра годишно.