Македонија Ѓорче Петров го продолжи стопроцентниот ефект во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и со гостински триумф попладнево над Струга во рамки на 22. коло ја забележа четвртата последователна победа.

Лидерот Шкупи одигра без голови на гостувањето кај Ренова, додека Работнички во дерби на колото ја совлада на домашен терен Шкендија, овозможувајќи и на Академија Пандев со победа над Борец да се врати на второто место на табелата.

Резултати од натпреварите од 22 коло во ПМФЛ:

Академија Пандев – Борец 5:0, Брегалница – Пелистер 2:1, Работнички – Шкендија 2:1, Ренова – Шкупи 0:0 и Струга – Македонија ЃП 1:3, Тиквеш – Скопје 3:0 (одиграно во сабота).

Табела: Шкупи 52, Академија Пандев 42, Шкендија 41, Македонија ЃП 39, Брегалница 33, Ренова 32, Работнички 31, Струга 30, Тиквеш 21, Скопје 21, Борец 13, Пелистер 6.