Претседателот на Здружението на германската индустрија (БДИ) Зигфрид Русвурм се изјасни против прекин на увозот на руски енергенси.
– Енергијата стана многу скапа за крајните потрошувачи, како и за индустријата, изјави Русвурм за ЗДФ.
Според него, енергијата за многу индустрии во Германија е значаен фактор за трошоците. Тој додава дека на индустријата и е се потешко рентабилно да произведува производи.
Русвурм бара рационален пристап кон конфликтот.
– Би било наивно да се верува дека приходите од продажбата на гас и нафта сега акутно ја финансираат војната, нагласи тој.
Во однос на германските компании кои се особено погодени од санкциите против Русија, Русвурм бара индивидуален пристап и помош од владата.