Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Скопје ќе ја претстави првата национална стратегија за женски фудбал, насловена „Повеќе жени – повеќе голови“.
На промоцијата во хотелот „Хилтон“, како што е најавено, обраќања ќе имаат амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, како и потпретседателот и генералниот секретар на ФФМ, Лазар Ракиџиев и Филип Поповски.
Преку видео врска на настанот ќе се обрати и селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД, Влатко Андоновски.