Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени ќе го пропушти остатокот од сезоната. Ова го соопшти тренерот на италијанскиот тим Масимилијано Алегри.

-Сезоната за Вестон заврши поради повреда. Тој ќе се врати следното првенство, го цитира Алегри, новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

Дваесет и тригодишниот Американец се здоби со скршеница на втората и третата метатарзална коска на левата нога на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Виљареал (1:1).

Во тековната сезона, Мекени настапи на 28 натпревари за Јувентус, постигнувајќи четири гола.