Кевин де Бруин стана четвртиот Белгиец со 50 голови во Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Манчестер сити беше двоен стрелец вечерва во дерби-триумфот со Манчестер јунајтед (4:1).

Неговиот прв гол беше 50-ти во Премиер лигата, вториот – 51-ви.

Покрај погодоците во 5. и 28. минута, Де Бруин беше и асистент при третиот гол на Сити што го постигна Ријад Марез во 68. минута. Марез се запиша уште еднаш во листата на стрелците во 90+2. минута.

За Јунајтед погоди Џејдон Санчо во 22. минута.

Манчестер сити со 69 бодови е лидер на табелата пред Ливерпул кој има 63 и натпревар помалку.