Тренерот на Арсенал, Микел Артета е уверен дека неговиот тим требаше да постигне повеќе од три гола на денешното гостување кај Вотфорд.
„Топчиите“ победија со 3:2 во дуел од 28. коло во Премиер лигата.
– Вотфорд е тежок противник. Тие се борат за своите животи. Го променија составот и тешко е да се победат. Ние стануваме се подобри и подобри, меѓусебното разбирање меѓу играчите се подобрува. Требаше да постигнеме повеќе голови денеска. Гледам колку доброволно работат играчите секој ден на тренинзите, колку се желни за напредок. Мислам дека тие уживаат во играта заедно и кога немаат најдобар ден победуваат, тоа е важно. Мора да бидеме искрени со себе: нашата одбранбена структура не беше доволно добра. Дозволивме противникот да создава шанси, треба да работиме на ова. Сега сме во првите четири и ќе одиме од натпревар во натпревар. Секоја средба се претвора во американска трка. А ни претстојат три тешки натпревари, изјави Артета.
Арсенал по денешната победа се проби на 4. место на табелата во Премиер лигата со 48 бодови од 25 натпревари.