Американската мултинационална компанија за платежни услуги Visa објави дека ги прекинува операциите во Русија.

Трансакциите со Виза картички ќе бидат суспендирани во следните неколку дена, соопшти компанијата.

Виза-картичките издадени во Русија нема да функционираат надвор од земјата, а оние издадени од странски финансиски институции нема да бидат употребливи во Русија.

Истото важи и за Мастеркард.