По „Писмото до Французите“, проследено со видео порака, сега тимот на Емануел Макрон го претстави и постерот. На платформата „Avec vous“ (Со вас),платформа посветена на претседателскиот кандидат Емануел Макрон, го објави првиот официјален постер за кампањата оваа сабота, јави дописникот на МИА.
Сега кандидатот на движењето-партија Во Марш, официјално вклучен во трката за сопствен реизбор, се покажува на скромен постер, во темносин костум, со блага насмевка.
Зад него, анонимна толпа, заматена, која како да го следи. Овој реизборен постер потсетува на оној од април 2017 година. Тогаш за Емануел Макрон беше неговата прва кампања за највисоката функција во Франција.
Денес, претседателот во заминување и кандидатот претседател, изгледа со малку повеќе брчки и посиви слепоочници. Евокативни знаци на исцрпувачко практикување на власта.
Ако стилот на постерот изгледа многу едноставен, истото е и за избраниот слоган, кој е наменет да биде краток и директен.
Во време кога земјата минува низ сериозна геополитичка криза, на позадината на војната во Украина, тој со едвај четири збора лобира „Емануел Макрон со вас“, за претседател кој несомнено сака да биде подеднакво заштитник како и обединувач. Датумите 10 и 24 април, напишани на постерот, се деновите на гласање на претседателските избори.
Ден претходно, претседателот на Републиката веќе се појави на видеото објавено на ЈуТуб каналот „Avec Vous“, посветено на неговата кампања. Во него, Емануел Макрон ја споменува токму тешкотијата што ја имал да ја формализира својата кандидатура поради војната во Украина.
„Наречете ме господин кандидат“, сепак сакајќи да подвлече дека тој е и началник на армиите.