Фудбалерите на Тиквеш го совладаа попладнево Скопје со 3-0 (1-0), во воведниот натпревар од 22 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Камерунскиот интернационалец Нгоба беше двоен стрелец (45,60 минута) за Тиквеш, а печат на победата на кавадаречкиот прволигаш стави Ризов во 88 минута.

Прволигашкото 22. коло ќе биде комплетирано со утрешните пет дуели меѓу Академија Пандев – Борец, Брегалница – Пелистер, Работнички – Шкендија, Ренова – Шкупи и Струга – Македонија ЃП.

Табела: Шкупи 51, Шкендија 41, Академија Пандев 39, Македонија ЃП 36, Ренова 31, Брегалница 30, Струга 30, Работнички 28, Скопје 21, Тиквеш 21, Борец 13, Пелистер 6.