Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска ја соопштија подготвеноста да ги решат преостанатите прашања со „прагматичен“ пристап, надевајќи се дека ќе го обноват нуклеарниот договор од 2015 година, изјави во Техеран извршниот директор на МАЕЕ, Рафаел Гроси, пренесоа француските меидуми.
-Одлучивме да ги разгледаме прашањата на прагматичен начин (…) темелно, со јасна намера да постигнеме резултат, рече Гроси на заедничката прес-конференција со директорот на иранската нуклеарна програма Мохамад Еслами.
„Останатите прашања треба да се решат до крајот на јуни“, рече Еслами.
-Техеран се согласи на МААЕ да му ги прикаже документите за да ги реши преостанатите прашања, рече иранскиот дипломат.
Техеран и Вашингтон индиректно преговараа повеќе од 11 месеци во Виена за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили од кој во 2018 година еднострано се повлече поранешниот американски претседател Доналд Трамп и потоа експресно ги обнови санкциите кон Иран, земјата која оттогаш постепено се повлекуваше од одредени одредби од договорот.
Сите страни вклучени во разговорите во седиштето на МААЕ во Виена сакаат да ги натераат Техеран и Вашингтон повторно да се обврзат на целосно почитување на нуклеарниот договор и да кажат дека договорот сега е блиску.
Главното нерешено прашање е нуклеарниот материјал што Иран не го има пријавено, а траги се пронајдени на неколку стари, но непријавени постројки.
-Доколку овие преостанати прашања не се решат, напорите за обновување на JCPOA нема да бидат можни, рече Гроси.