Двете кинески платформи, што ги поседуваат телевизиските права за англиското фудбалско првенство овој викенд нема да ги пренесуваат натпреварите од Премиер лигата, по најавите дека некои екипи и фудбалери ќе изразат јавна поддршка на Украина, која е под инвазија од Русија.
Официјален Пекинг е многу воздржан во своите реакции на руската инвазија на Украина, одбивајќи да ги осуди постапките на Москва. Двајцата претседатели, Си Џипинг и Владимир Путин, објавија минатиот месец во Пекинг, на маргините на Зимските олимписки игри, дека нивното пријателство е „бесконечно“.
Неколку капитени на премиерлигашките екипи овој викенд во Англија најавија дека ќе носат ленти на рацете со боите на украинското знаме, а натпреварите треба да почнат со минута молк во знак на солидарност со украинскиот народ.