Двајцата руски дипломати, кои беа прогласени за „персона нон грата“ денеска заминаа од Бугарија со своите семејства, јави дописникот на МИА од Софија.
Бугарското Министерство за надворешни работи на 2 март двајца руски дипломати прогласи за „персона нон грата“ и им даде рок од 48 часа да заминат од Бугарија. Одлуката е донесена откако бугарските специјални служби открија дека поранешен бугарски бригаден генерал доставувал информации за активностите на ЕУ и НАТО до советник во Руската амбасада во Софија.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Москва го задржува правото да возврати на протерувањето на руските дипломати.