Српскиот голгетер во редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ, е прогласен за најдобар фудбалер во минатиот месец во Серија А, објави Асоцијацијата на фудбалери во Италија (AIC).

Влаховиќ, кој во јануари се пресели од Фиорентина во Јувентус, за торинскиот клуб одигра шест натпревари во февруари на кои постигна четири голови, а додаде и една асистенција.

Српскиот репрезентативец во моментов е водечки стрелец во италијанското првенство со 20 голови.