Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руската авиокомпанија „Аерофлот“, откако Русија воено ја нападна Украина, соопшти денеска клубот.
Претходно, британската Управа за цивилно воздухопловство и ја суспендираше дозволата за странски превозник на „Аерофлот“ и го затвори британското небо за оваа руската авиокомпанија.
– Во светло на случувањата во Украина, ги повлековме спонзорските права на „Аерофлот“. Ја делиме загриженоста на нашите навивачи ширум светот и изразуваме сочувство со оние, кои се погодени, објави Манчестер јунајтед.
„Аерофлот“ во 2013 година стана прв руски спонзор на Манчестер јунајтед и клупски авиопартнер на местото на „Туркиш ерлајнс“.