Феенерод – Партизан и Лестер – Рен, се два од осумте осминафинални дуели во Лигата на конференции, кои беа одредени со жрепка попладнево во седиштето на УЕФА во Нион.

Во преостанатите шест осминафинални натпревари во рамки на третото по ранг европско клупско натпреварување ќе играат: Олимпик Марсеј – Базел, ПАОК – Гент, Витесе – Рома, ПСВ Ајндховен – Копенхаген, Славија Прага – Ласк и Бодо/Глимт – АЗ Алкмар.

Првите натпреварите ќе се играат на 10 март, а реваншите се една седмица подоцна.