Грчко – рускиот бизнисмен Иван Савидис, во чија сопственик е солунскиот прволигаш ПАОК, е осуден денеска на казна затвор во траење од 25 месеци поради оружен инцидент што го предизвика на фудбалски терен во 2018 година.
На 62-годишниот Савидис, кој е познат како близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, Грчката фудбалска федерација му изрече и тригодишна забрана за влез на фудбалските стадиони во земјата. Неговиот клуб е казнет со висока парична глоба и одземање три бодови.
Савидис пред четири години влезе вооружен со пиштол на теренот незадоволен од судиска одлука кога на неговиот ПАОК му беше поништен гол во 90. минута на дербито против атински АЕК.
Судскиот процес изминатите години неколку пати беше одложуван од различни причини.
Савидис, Грк роден во Какваз, богатството го стекна како сопственик на фабрики за тутун.