Украинското фудбалско првенство нема да биде продолжено утре како што тоа беше планирано, а причина за тоа е руската инвазија на таа земја.

Од петок до понеделник требаше да се одиграат натпреварите од 19. коло, но претседателот на Украинската фудбалска федерација Андриј Павелко изјави денеска оти комплетното првенство се одложува.

Фудбалот во Украина, како што најави Павелко, ќе паузира најмалку еден месец.

На табелата вди Шахтјор со 47 бодови, пред киевски Динамо со два бода помалку.