Украинскиот претседател Володимир Зеленски го п вика народот на Русија да протестира против војната во Украина, јавија украинските медиуми.
„Од денеска нашите земји се од различни делови на светската историја. Руската држава стои на патот на злото, но многу работи се уште зависат од рускиот народ. Граѓаните на Русија денеска ќе изберат на кој пат ќе застане секој од нив лично. Оние кои сè уште не ја изгубиле совеста, време е да излезат и да протестираат против оваа војна, против војната со Украина“, напиша Зеленски на Твитер.
Претседателот ги повика Украинците да им ја кажат вистината на своите познаници за војната во Украина.
„Почитувани граѓани, кои имаат роднини во Русија, кои имаат пријатели, новинари, кои познаваат блогери, ве молиме побарајте ги, тие мора постојано да зборуваат за тоа, тогаш Русија ќе ја знае вистината“, напиша Зеленски.