Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, ги поафли своите избраници за изданието со Бенфика. Холандскиот и португалскиот клуб синоќа во Лисабон одиграа 1:1 на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
– После таков натпревар имам измешани чувства. Од една страна постигнавме добар резултат, од друга страна ја испуштивме победата. Пропуштивме две-три добри шанси за гол. Алварез, Гравенберх и Ентони можеа да постигнат гол, но на крајот по еден противнапад бевме казнети. Вториот гол на Бенфика беше целосно по наша вина, изјави Тен Хаг.
Реваншот ќе се игра во Амстердам на 15 март.