Актуелниот австриски првак Ред Бул Салцбург се соочува со големи проблеми со заразени со коронавирусот во своите редови.

Во клубот се заразени дури 15 лица, вклучувајќи фудбалери и членови на стручниот штаб. Некои се асимптоматски, некои со благи симптоми, а ниту еден од нив нема поголеми здравствени проблеми.

– Моравме да го откажеме денешниот тренинг. Засега сè уште сме во можност да играме натпревари, но загрижени сме поради можен натамошен раст на бројот заразени, изјави спортскиот директор Кристоф Фреунд.

Салцбург има убедлива предност од 17 бодови пред второпласираниот Волфсбергер во австриското првенство, а на 8 март го очекува реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони против минхенски Баерн, откако првиот дуел заврши нерешено 1-1.