Дефанзивецот на калчолигашот Торино, 24-годишниот Бразилец Бремер се очекува ова лето да биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, откако за неговите услуги се заинтересирани Интер, Милан, Челзи и Њукасл, а сега во трката се вклучи и Баерн Минхен.

Бразилскиот фудбалер неодамна го продолжи договорот со Торино до јуни 2024 година, но неговото заминување од клубот ова лето е речиси завршена работа, објавија денеска италијанските медиуми.

Со продолжувањето на договорот, според истите извори, Бремер, всушност, ќе му овозможи на Торино подобра преговарачка позиција во летниот преоден рок. Бремер дојде во Торино во 2018 година од бразилски Атлетико Минеиро и на 100 натпревари постигна 12 голови.

Според медиумите, најголеми шанси за потписот на Брамер има актуелниот италијански првак Интер.