Холандскиот прволигаш Ајакс постигна денеска финансиска спогодба со семејството на својот поранешен млад фудбалер Абделхак Нури, кој претрпе тешко и трајно оштетување на мозокот, колабирајќи во дресот на клубот од Амстердам за време на пријателски натпревар во 2017 година.
Клубот прифати одговорност дека не му обезбедил соодветна медицинска помош на Нури и на неговото семејството ќе му исплати 7.85 милиони евра на име оштета и неостварена потенцијална заработка.
Нури колабираше на 20-годишна возраст на пријателски натпревар што Ајакс го одигра против германски Вердер на подготовките во Австрија во 2017 година, една сезона откако дебитираше во дресот на холандскиот гигант за кој одигра вкупно 15 натпревари.
Ајакс во чест на Нури го именуваше трофејот кој секоја година го доделува на најталентираниот фудбалер од својата академија и го повлече неговиот дрес со бројот 34.
– Добро е што е постигнат договор за да може да ставиме крај на овој случај. Сите сме свесни дека со ова не завршуваат страдањата на Нури и неговите најблиски. Останува оваа многу тажна приказна, а тажно се чувствуваме и сите ние во клубот, изјави директорот на Ајакс, Едвин Ван Де Сар