Британската полиција во градот Лидс уапси девет навивачи поради инциденти пред и за време на неделниот премиерлигашки натпревар меѓу домаќинот и Манчестер јунајтед.

Навивачите предизвикаа инциденти во центарот на Лидс, како и на трибините за време на натпреварот, при што играчот на Јунајтед, Ентони Еланга беше погоден со предмет од трибините додека го прославуваше голот на соиграчот Фред за водство од 3-2 во 70 минута, а и самиот беше стрелец во 88..минута за конечните 4-2.

– Мнозинството навивачи се однесуваа коректно. Немаше позначајни немири, освен неколку инциденти во центарот на Лидс пред натпреварот, како и неколку помали инциденти за време на натпреварот. Распоредивме доволен број полицајци да ги идентификуваат и приведат одговорните за инцидентите за да не дојде до ескалација на состојбата, соопшти денеска локалната полиција.